Нов директор на скопското јавно претпријатие Комунална хигиена е Александар Јовановски.
Тој доаѓа на местото на Сабахадин Рустеми, кој поднесе оставка, откако заврши во затворски притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Сабахадин Рустеми, директорот на Комунална хигиена, кој е приведен

Како што информираат од Град Скопје, Јовановски доаѓа на оваа позиција како инспектор во Секторот за инспекторат во Град Скопје, а претходно работел и во Секторот за локален економски развој.
Имал и повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти.
Има високо образование за менаџмент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, и стекнат меѓународен сертификат за Институционални пристапи за заштита на животната средина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се раководи со Комунална хигиена, која е во фокусот поради сметот во Скопје
Колку советници и помошници има директорот на Комунална хигиена кој поднесе оставка
Каков имот пријавил директорот на Комунална хигиена Рустеми, кој заврши во притвор
Фото: Град Скопје














