Светлана Ражнатовиќ Цеца, српската турбофолкерка, не е само топ тема во Македонија и Србија, откако во Велес развеа бугарско знаме со нејзиниот лик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Цеца предизвика бура откако развеа бугарско знаме во Велес

Таа е главна тема и во Бугарија, а тамошните медиуми детално известуваат за скандалот.
Пренесуваат дека знамето го дофрлила од публика нејзина обожавателка.

Исто така пренесуваат дека чинот предизивикал бес кај македонската публика, а некои во реакцијата на Македонците гледаат и „булгарофобија“.

Реакциите пак на тамошните социјални мрежи кои ги пренесува blitz.bg се полни со говор на омраза за Македонците, но и Србите и величење на турбофолкерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Цеца/Фејсбук













