Уапсен возачот кој усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ и побегна

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека е уапсен возачот кој денеска усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ и потоа побегна.

-Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К. (37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ. (78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.

По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возач усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести