Две лица загинаа, а петмина се повредени во тешка сообраќајка на патот Прилеп-Росоман

Две лица загинаа, а петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа која попладнево се случи на патот Прилеп-Росоман.

„Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица,“ информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полицијата извршува увид на местото на несреќата, а сообраќајот од 18:00 часот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести