Цените на угостителските услуги во октомври годинава се зголемени за 0.3% во однос на претходниот месец, соопштија од Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во октомври 2025 година во однос на истиот месец од претходната година пак сe зголемени за 3.9%.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – октомври 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.1%, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.1%.
Цените во угостителството, по групи, во октомври 2025 година во однос на септември 2025 година се зголемени за: 0.2% кај Храна, 0.5% кај Алкохолни пијалаци, 0.2% кај Безалкохолни пијалаци и 0.8% кај Ноќевања.
Фото: Унсплеш














