Поранешниот в.д. директор на скопското јавно претпријатите Комунална хигиена, Сабахадин Рустеми и управителот за отпад, Аки Саити, остануваат во затворски притвор.
Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека Кривичниот совет ги одбил жалбите на нивната одбрана.
Двајцата на 28. октомври добија по 30 денови притвор, а се осомничени за „загрозување на животната средина и природата со отпад“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Александар Јовановски, новиот директор на Комунална хигиена
Кој е Сабахадин Рустеми, директорот на Комунална хигиена, кој е приведен
Каков имот пријавил Сабахадин Рустеми, директорот на Комунална хигиена Скопје














