Кој е Менди Ќира, новиот градоначалник на Струга

Бизнисменот Менди Ќира е новиот градоначалник на Општина Струга.

Тој победи на локалните избори како независен кандидат, а подршка доби од владејачката коалиција Вреди.

еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.

Кој е Ќира

Тој е основач и ја води фирмата „Трим и Лум, позната по изградбата на станбени згради во Струга и Охрид. 

Важи за успешен претприемач и со години е активен во Стопанската комора на Северозападна Македонија, каде беше и претседател од ноември 2022 година до јули 2025 година.

Тој е сопственик и на хотелот Ембла во Струга.

Претседател е и на фудбалскиот клуб Струга.

Од 2003 до 2009 година бил директор во Signa insurance group, а од 1998 до 2002 година бил извршен директор во хотелот Изгрев во Струга.

Образование

Студирал земјоделство на Универзитетот во Приштина, Косово.

На Универзитетот во Загреб, Хрватска пак магистрирал во областа на бизнис/менаџерска економија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дејан Митески, новиот градоначалник на Аеродром

Кој е Александар Јовановски, новиот градоначалник на Кичево

Кој е Владко Грозданов, новиот градоначалник на Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести