Остатоци од човеково тело пронајдени во кавадаречко Сопот, дадени се на обдукција

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера во 16.40 часот било пријавено дека во атарот на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело.

-Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес. 

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести