Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга поднесе кривична пријава против А.Л. (26) од дебарското село Џепиште, поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, како и против Е.В. (18) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“.
-Тие на 06.11.2025 околу 19 часот, во село во дебарско, од куќниот двор насилно внеле 30-годишна жена во патничко возило „ауди“, кое го управувал Е.В. и се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга, каде А.Л. физички ја нападнал, а оштетената паднала во бессознание, по што тој ја силувал.
Потоа, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга.
Сторителите се пронајдени и лишени од слобода, по што против нив е поднесена кривична пријава, велат од полицијата.














