Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски за телевизијата Сител откри дека досега се отпуштени речиси 500 вработени во скопските јавни препријатија, поради недоаѓање на работа, од кои дел го правеле тоа со години.
Најмногу вакви случаи имало во јавните претпријатија “Паркови и зеленило“, “Комунална хигиена“ “Дрисла“ и „Водовод и канализација“.
Тој исто така информираше дека овие претпријатија имаат долг од над 300 милиони евра и најави дека во нив ќе има смени во менаџментот.
Нови кадровски решенија ќе има и во установите од културата и во средните училишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ни Супермен не може да го исчисти ѓубрето во Скопје за 72 часа
Каков имот пријавил Орце Ѓорѓиевски, новиот градоначалник на Скопје














