Засега не е познато што ќе се случи со „Лукоил Македонија“ и нејзините 550 вработени, откако руски „Лукоил„ поради санкциите од САД одлучи да ја продаде меѓународната единица „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, во чија сопственост е и „Лукоил Македонија“.
„Лукоил Интернешнл ГмбХ“ требаше да ја купи меѓународниот трговец со енергија „Гунвор груп“, но тој на крај се откажа.
Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), денеска информираше дека имал средба со претставникот на “Лукоил Македонија“ и како што рече тој ќе ги преземал сите мерки за вработените да не останат без работа.
-Значи, “Лукиол“ може и понатаму да работи и да обезбедува нафтени деривати. Досега, најголем дел обезбедувал од Бугарија, но може да обезбедува и од други земји, така што во тој дел треба да му дадеме шанса и понатаму да работи, не мора да се снабдува со деривати обезбедени од руски рафинерии, рече Бислимоски.
„Лукоил“ во Македонија има 40 бензински пумпи и 10 резервоари со вкупен капацитет од осум илјади 320 кубни метри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е „Гунвор груп“, која е на чекор на купување на „Лукоил Македонија“
Фото: Лукоил Македонија














