Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека во деновите од викендов ќе се задржи сончево и тивко време со мала до умерена облачност.
Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец од над 60 km/h.














