Граѓаните на Скопје кои ќе фрлаат комунален отпад во периодот од 22 часот навечер до 6 часот наутро ќе бидат казнети со 50 евра.
Ваква одлука вчера донесе Советот на Град Скопје.
Како што информираа од Градот, неколку месеци наместо казни ќе има само опомени.
Одлуката како што објаснуваат од таму е да се воведе правна рамка со која ќе му се помогне на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ при собирањето на сметот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На платен список на „Комунална хигиена“ и затвореници, вели Ѓорѓиевски
Фото: Игор Бансколиев














