Се очекуваат и поплави и проблеми во сообраќајот: Невреме во Македонија со обилен дожд, ветер и грмотевици

Македонија од денеска е под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса, која се очекува да донесе поплави и проблеми во сообраќајот.

Освен обилен дожд, кој на места низ земјата во следните 24 часа ќе донесе и 30 литри на метар квадрат воден талог, ќе има и можност за развој на краткотрајно невреме проследено со засилен јужен ветер, кој локално ќе надминува и 60 km/h, како и ретка појава на грмежи.

Температурите низ земјата ќе се движат од 6 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во делови од Скопската котлина може да бидат поинтензивни. Ќе дува умерен, а локално и засилен јужен ветер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести