Денеска во судницата на Казнено-поправната установа Идризово започнува судењето за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 63, а беа повредени 202 лица.
За случајот се обвинети 35 физички и три правни лица. Сите обвинети се изјаснија за невини.
За судењето ќе има засилени безбедносни мерки, а ќе има присуство и на лекарска екипа.
Оштетените сведоци нема да можат да ја следат постапката до нивното сослушување.
Трагедијата се случи на 16. март годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се е обвинет за пожарот во Кочани
Која е судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани
Фото: Игор Бансколиев













