Именувани повереници за општините Маврово Ростуше, Центар Жупа, Врапчиште и Гостивар, каде не се избраа градоначалници

Владата денеска именуваше повереници за општините Маврово Ростуше, Центар Жупа, Врапчиште и Гостивар, во кои на локалните избори не се избраа градоначалници, и каде на 11. јануари ќе има гласање од почеток.

Причината беше што во тие општини не беше исполнет цензусот за излезност од 33,33%.

Онер Јакупоски е именуван за повереник за општина Маврово Ростуше, Аријан Ибраим за повереник за Центар Жупа, Буњамин Кадриу за Врапчиште и Фадил Џелили за Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторените локални избори во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа ќе се одржат на 11. јануари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести