Казни од 50 илјади евра за четири маркети оти договарале цени, казнет и Сојузот на стопански комори

Казни од по 3.075.000 денари или 50.000 евра заработија четири маркети од Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), оти договарале цени.

За истиот случај, казна од 1.143.000 денари или 18.585 евра за незаконско однесување, односно поради тоа што ги координирал маркетите, заработи и Сојузот на стопански комори (ССК).

Како што информираше КЗК, тие се казнети за прекршување на Законот за заштита на конкуренцијата.

– Во постапката е утврдено дека на состанок одржан на 5. февруари 2025 година, учесниците постигнале усогласен став за неприфаќање нови или зголемени ценовници од набавувачите, со што ја замениле состојбата на независно пазарно однесување со состојба на практична координација.

Овој вид однесување по својата природа претставува т.н. by object ограничување на конкуренцијата, кое е забрането, без потреба од дополнително докажување на пазарните ефекти, информираа од КЗК.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести