Лизгање на земјиштето на Водно, надлежните на итен состанок

По иницијатива на Општина Центар, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска се одржал итен координативен состанок на кој присуствувале директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби, информираат од Општината.

„Состанокот беше свикан поради појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците “Белградска“ и “Партеније Зографски“.

Присутните институции ја разгледаа состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилен надзор и изработка на ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето.

Заклучоците од состанокот ќе бидат официјално проследени до Владата за натамошно постапување,“ се вели во соопштението.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести