Во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопски Карпош, кое деновиве е во фокусот на јавноста поради труење на повеќе ученици, во примерок од мусаката која се служела, се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, а фекални бактерии, исто така, се пронајдени и на три чешми во училиштето, информираа од Институт за јавно здравје (ИЈЗ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-Бројот на земени примероци и пристигнати материјали е екстензивен, и материјали за анализа се уште пристигнуваат, велат од ИЈЗ.
Кај едно дете, пак е констатирано дека имало лесно пренослив норовирус, кој може да ги даде истите симптоми и тегоби на кои се пожалија ученици, а кај една вработена било утврдено присуство на бактеријата стафилокока (Staphylococcus aureus).
Претходно пак од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје информираа дека водата во училиштето е санитарно исправна и може непречено да се употребува.
Секторот за санитарна контрола зел четири примероци од две локации во училиштето – училница и кујна. Две од нив биле за физичко-хемиска и две за микробиолошка анализа.
Резултатите од анализите на сите примероци покажале дека водата е исправна за употреба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/„Димо Хаџи Димов“














