Илија Панов (43) од Кавадарци од страна на Основниот суд Кавадарци е осуден на 16 години затвор за убиство со умисла на неговата вонбрачна партнерка Сузана Серенакова (52), исто така од Кавадарци, во јануари годинава.
Тој останува во притвор до правосилноста на пресудата, за која има право на жалба пред Апелациониот суд.
Како што е познато убиството беше извршено во стан во кој живееше Серенакова, а чие беживотно тело беше пронајдено од нејзината ќерка.
Панов не го призна делото и во текот на судењето тврдеше дека друго лице го извршил убиството и дека тој за време на истото бил на друга локација.
На облеката и под ноктите на двете раце на убиената Серенакова беше пронајдена ДНК единствено од Панов. Во текот на судењето беше посочено дека раните по телото на убиената жена се одбранбени, добиени при нападот врз неа и дека се од него.
Фото: Унсплеш














