Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка

Судијката од Уставниот суд, Јадранка Дабовиќ Анастасовска си поднела оставка, објави порталот Сакам да кажам.

За одлуката било известено и македонското Собрание, а неофицијално оставката ја поднела поради лични причини од здравствен аспект и ќе се вратела на професорското место на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Уставниот суд сега останува само со седум од предвидените девет судии. Нив ги избира Собранието.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести