Каков имот пријавил Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за поткуп од 50 илјади евра

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа заврши во затворски притвор, откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го осомнични дека зел 50.000 евра за да влијае на судија во Апелациниот суд за да го укине притворот на Љупчо Пецов- Ѓаволот, кој е осомничен во случајот „Синџир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стафа зел поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот

Парите ги зел од неговата сестра, а од Апелација вчера информираа дека Кривичниот совет на Судот уште на 2. декември го одбил барањето за укинување на притворот на Пецов.

ПОВРАНИ ВЕСТИ

Апелација го одбила барањето за укинување на притворот за Пецов, за кој Стафа зел поткуп, на 2. декември

еМагазин разгледа каков имот пријавил во Антикорупциската комисија кога станал државен правобранител, кој го имаме во архива.

Каков имот пријавил

Тогаш на свое име од недвижен имот има пријавено само земјиште, за кое не навел повеќе податоци.

Пријавил и заем од 4,6 милиони денари, за кој не дал други податоци, како и кредит од 2,1 милиони денари, кој го зел во 2016 година, а треба да го врати до 2041 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стафа зел 50 илјади евра за да убеди судија да укине притвор: Детали за случајот за екс државниот правобранител од Обвинителството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести