Муамет Хоџа е новиот министер за животна средина и просторно планирање.
Дојде на местото на Изет Меџити, кој стана градоначалник на скопската општина Чаир.
Кој е Хоџа
Роден е на 18. мај 1977 година во Скопје.
Основно образование завршил во ОУ „Бајрам Шабани“ во Кондово, а средно во гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје.
Високо образование завршил на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекнал со звањето дипломиран правник.
Има положено правосуден испит и нотарски испит.
Работно искуство и политичка кариера
Работел како новинар и уредник во Македонската радио-телевизија – Радио Скопје, а бил и дописник на Радио Телевизија 21 и дневниот весник „Бота Сот“.
Во јавната администрација бил ангажиран во Координативното тело за доброволно собирање на нелегално оружје, во Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор, во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, како и во Министерството за односи меѓу заедниците, каде што ја извршувал функцијата раководител на сектор.
Исто така бил и портпарол на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Муамет Хоџа, новиот министер за животна средина
Каков имот пријавил Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир
Кој е Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир, кој ќе ја води Општината по четврти пат
Фото: МЖСПП













