Каков имот пријавил Беким Сали, новиот министер за европски прашања

Нов министер за европски прашања е Беким Сали од владејачката коалиција “Вреди“.

Сали дојде на местото на Орхан Муртезани, кој беше разрешен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беким Сали избран за нов министер за европски прашања, Мухамет Хоџа за животна средина

Сали е поранешен министер за здравство, а пред повторно да стане министер, беше пратеник на коалицијата.

За нов министер за животна средина и просторно планирање пак е избран Мухамет Хоџа, кој е поранешен владин портпарол.

еМагазин разгледа каков имот пријавил Сали до Антикорупциската комисија кога станал пратеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Беким Сали, новиот министер за европски прашања

Каков имот пријавил

На свое име пријавил недвижен имот во скопски Чаир, Матка и Центар.

Недвижен имот пријавил и на име на сестра му и сопругата.

На име на сопругата пријавил и возило.

Како што е познато тој е и сопственик на приватна стоматолошка ординација.

Фото: Сали/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести