Двојно зголемени затворските казни на директорите од болницата во Тетово, обвинети за пожарот во модуларниот центар

Апелациониот суд Гостивар двојно им ги зголеми затворските казни на поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорим Бесими и поранешниот економски директор во Болницата, Артан Етеми, кои се обвинети за пожарот во модуларната болница во кој загинаа 14 лица.

Тие добија по три години затвор, а претходно од Основниот суд Тетово беа осудени на затворски казни од по година и пол.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести