Дали и присуството на цијанид било причина за смрт, прашуваат родителите на загинатите во Кочани

Дали и присуството на цијанид во т.н. дискотека “Пулс“ било причина за смрт, прашаа денеска родителите на загинатите во Кочани пред новото рочиште за трагедијата.

Тие, како што рече Александар Наунов, татко на загинато девојче во „Пулс“ и претседател на здружението „16 Март 2025 Кочани“, се сомневаат дека токсиколошките анализи на надлежните институции за причините за смрт на нивните деца не се целосни и дека се потребни дополнителни вештачења.

Според него можна причина за смрт е и присуството на цијанид во телата на загинатите, но тоа не било утврдено со форензичките анализи на Министерство за внатрешни работи (МВР), иако било оставено како можност.

Според Основното јавно обвинителство смртта на жртвите настапила како последица на труење со јаглероден моноксид.

-Дали при обдукциите е направена конкретна токсиколошка анализа за цијанид и други отровни гасови во телата на нашите починати деца?

Во обдукциските наоди како причина за смрт е наведено задушување од јаглерод моноксид, меѓутоа во самиот обдукциски наод јасно се наведува дека од телата се земени и крв и урина за одредување на јаглерод моноксид, како и за токсиколошката анализа, при што изрично стои дека останатите токсиколошки анализи ќе бидат дополнително доставени на семејствата, рече тој, подвлекувајќи дека тоа не е содржано во конечните обдукциски наоди и дека тоа отвора сериозен сомнеж дека заклучокот за причината на смртта е донесен без комплетна и насочена токсиколошка анализа особено ако се има предвид дека водородниот цијанид не се детектира рутински и бара посебно специфично испитување.

-Брзо се метаболизира и ако не се бара веднаш, се губи можноста. Може да предизвика смрт и без високи вредности, што е доказ во овој случај. Кај поголем дел од починатите вредностите биле ниски и нефатални, што е медицински и несоодветно за заклучок смрт од јаглерод моноксид, рече тој меѓу друго.

-Имаме три неспорни факти од Институтот за хемија МВР-Одделение за форензички испитувања, што потврдуваат ослободување на цијанидни гасови. Обдукцискиот наод наведува исклучиво присуство на јаглероден моноксид како причина.

Обдукцискиот наод признава дека други токсиколошки анализи допрва треба да се достават.

Сè додека не се објават и документираат резултатите од сите дополнителни токсиколошки анализи не може со сигурност да се тврди дека причината за смрт е целосно и точно утврдена, рече тој, посочувајќи дека обдукцискиот наод е нецелосен и оти постои основа за дополнително и независно вештачење, со цел целосно утврдување на вистината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Александар Нацев не е вистинскиот сопственик на „Рубикон“, кажа неговата одбрана

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести