Маж на возраст од 57 години вчера е пронајден починат во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Станува збор за З.А. од селото Мралино, Општина Илинден, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














