На 26.12.2025 година околу 12:30 часот во Скопје, на улицата „Григор Прличев“, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот С.Р., државјанин на Косово со привремен престој во село Арачиново, удрило во три паркирани возила – „цитроен“, „шевролет“ и „пежо“, како и во три контејнери.
Возилото потоа удрило и во патничко возило „сузуки“ во движење, управувано од 24-годишниот А.Ј. од Скопје, а продолжувајќи го движењето, на крстосницата од булеварите „Крсте Петков Мисирков“ и „Гоце Делчев“, С.Р. удрил во семафор и во уште едно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот С.Г. од село Долно Лисиче.
Во несреќата најтешко е повреден возачот С.Р., кој со тешки телесни повреди е пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата ја продолжува истрагата за причините за инцидентот.














