Божикен серијал од четири епизоди за вистинската смисла на Божик, реализираше Ра-Ли продукција за Бадникови поворки, во режија на Владо Дојчиноски.
Објавени се две епизоди (по 5–7 минути) – Витлеемската пештера, Витлеемската ѕвезда, а денеска и утре во 19 часот ќе бидат објавени уште две – Тројцата мудреци и Божикен подарок, на јутјуб-каналот на Бадникови поворки.
„Овие приказни не се само за гледање, тие се за чувствување. За потсетување дека најголемите подароци не се во кутија, туку во срцето. Секоја епизода е мал семеен ритуал. Момент за заедничко гледање, разговор и тивка радост. Серијалот е, со учество на деца кои со својата искреност и чистота, никого нема да остават рамнодушен.
Подготовка за она што следи… Зашто ова е само вовед во големата радост што нè очекува сите на 6. јануари 2026, кога во повеќе од 80 градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија и САД, со величествени поворки на радост, заедно ќе го благовестиме Христовото Раѓање,“ велат од Бадникови поворки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














