Северен ветер и минусни температури за новогодишната ноќ, кои ќе продолжат и до викендот

Времето за новогодишната ноќ ќе биде со засилен до силен северен ветер што ќе услови температури под нулата, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре наутро времето ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Во Скопје, ќе биде сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.

Во петок времето ќе биде променливо облачно и студено со минимални температури насекаде под нулата. Во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег.

Потоа продолжува периодот на променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести