Се уште не е јасно од што почина 2-годишното дете на новогодишната ноќ во Скопје, дали од залутан куршум, како што се претпоставуваше, или од некаков метален предмет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина 2-годишното дете кое беше погодено од заталкан куршум во Скопје
Неговото тело е дадено на обдукција, која треба да даде одговор за причината.
Денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираа дека тоа било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во многу тешка состојба со „стран предмет“ во главата.
Полициски службеници извршиле службен разговор со мајката Г.Д. (21), која појаснила дека на 31. декември пред полноќ излегла пред дворот од куќата во Гази Баба со детето и гледајќи огномет, слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето.
Извршен бил службен разговор и со таткото на детето, М.А. (26).
Тоа починало денеска во 01:58 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се бори за живот: 2-годишно дете во Скопје застрелано во главата














