Европската унија (ЕУ) е воздржана за нападот на САД на Венецуела.
Со реакција за нападот на социјалната мрежа Х се огласи европската претставничка за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас.
Таа повика да се почитуваат принципите на меѓународното право и Повелбата на Обединетите Нации (ОН), но не даде оценка за нападот.
Потсети дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кој е заробен од САД, каде и ќе му се суди, е нелегитимно избран, и дека ЕУ се залага за мирна транзиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Мадуро ќе му се суди во САД, еве за што е обвинет
(Видео) САД ја нападна Венецуела, претседателот Мадуро зарабоен и изнесен од земјата
Русија и даде подршка на Венецуела, ја обвини САД за вооружена агресија
Фото: Игор Бансколиев














