Цените на угостителските услуги во декември 2025 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 3.5%, соопшти Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 4.8%, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.3%.
Цените во угостителството, кај групите Храна, Алкохолни пијалаци, Безалкохолни пијалаци и Ноќевања, во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година не бележат промени.
Фото: Унсплеш













