Валбон Лимани победи на повторените избори за градоначалник во Гостивар

Кандидатот на опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција, предводена од ДУИ, Валбон Лимани, победи на повторените избори за градоначалник во Општина Гостивар, кои се одржаа вчера.

Тој е кадар на поделената Алијанса за Албанците од крилото на Арбен Таравари.

Лимани според податоци на Државната изборна комисија (ДИК) од преброени 99,97% од гласовите освои 64,48%, а неговиот противкандидат Невзат Бејта од владејачката коалиција Вреди, 31,56% од гласовите.

Лимани беше в.д. градоначалник на Општината пред последните локални избори, кои се одржаа во октомври лани.

На функцијата дојде откако Таравари си поднесе оставка за да стане министер.

Во Гостивар се повторија изборите за градоначалник, бидејќи во првиот круг од локалните избори немаше излезност од 33,33%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој победи на повторените избори за градоначалник во Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Денеска повторени избори за градоначалници на Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Фото: Фејсбук/Лимани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести