Валбон Лимани, кандидатот на опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција, предводена од ДУИ е новиот градоначалник на Општина Гостивар.
Тој на повторените избори го победи кандидатот на владејачката коалиција Вреди, Невзат Бејта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Валбон Лимани победи на повторените избори за градоначалник во Гостивар
Пред последните локални избори во октомври лани, тој беше в.д. градоначалник на Општината.
еМагазин во серијал Ви ги преставува новоизбраните градоначалници, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.
Кој е Лимани
Роден e на 19.05.1980 година во Гостивар.
Функцијата в.д. градоначалник на Општина Гостивар, ја презеде во јули 2024 година, откако Арбен Таравари, од чие крило во Алијанса за Албанците доаѓа, поднесе оставка за да стане министер.
Претходно во ноември 2021 година беше избран за претседател на Советот на Општина Гостивар.
Образование
Лимани е специјалист ендокринолог на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања во Скопје.
Во 2008 година дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тракија, а во 2019 година завршил специјализација по ендокринологија на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања во Скопје.
Во периодот од 2022 до 2024 година бил ангажиран како асистент на Факултетот за медицински науки при Државниот универзитет во Тетово.
Член е на Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, како и член на Европската асоцијација за проучување на дијабетес (EASD).
Граѓански активизам
За време на своето искуство во граѓанскиот сектор, Лимани бил претседател на Управниот одбор на Граѓанската асоцијација „Мост“ во периодот од 2014 до 2016 година, како и член на Управниот одбор на невладината организација „Европски центар за развој, толеранција и соработка“.
Приватно
Лимани е оженет и има три деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Менди Ќира, новиот градоначалник на Струга
Кој е Сотир Лукровски, новиот градоначалник на Карпош
Кој е Владко Грозданов, новиот градоначалник на Кочани
Фото: Лимани/Фејсбук












