Аријан Ибраим по четврти пат ќе ја води Општина Центар Жупа.
Доаѓа од Демократската партија на Турците и тој беше единствен кандидат на повторените избори за градоначалник во Општината.
еМагазин во серијал Ви ги преставува новоизбраните градоначалници, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Аријан Ибраим, кој по четврти пат е избран за градоначалник на Центар Жупа

Кој е Ибраим
Роден во 1972 година во селото Голем Папрадник, Општина Центар Жупа.
Како што стои во неговата биографија тој е дете на печалбарот во Швајцарија, Дилавер и Саније.
Образование
Основно образование завршил во Центар Жупа.
Средно медицинско образование завршил во средното медицинско училиште “Никола Штејн“ во Тетово.
Дипломирал економија на државниот универзитет во Афјон, Турција.
Магистрирал на Истанбулскиот Универзитет, насока меѓународно право.
Работно искуство и политичка кариера
Две години работел и како наставник во Центар Жупа.
После неколку години печалба во Италија, се вратил во Македонија и активно се занимава со политика.
Првпат стана градоначалник во 2013 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Менди Ќира, новиот градоначалник на Струга
Кој е Сотир Лукровски, новиот градоначалник на Карпош
Кој е Владко Грозданов, новиот градоначалник на Кочани
Фото: Ибраим/Фејсбук












