Шведска, Норвешка, Германија и Франција праќаат војници на Гренланд

Откако САД отворено порача дека сака да го преземе најголемиот остров во светот, Гренланд, дел од Кралството Данска, на Гренланд доаѓаат војници од Шведска, Норвешка, Германија и Франција.

И Данска го зајакнува своето присуство на островот со распоредување на војници, бродови и летала.

Американскиот претседател Доналд Трамп изминатиов период повеќе пати посочи дека Гренланд и треба на САД за национална безбедност и дека бил важен за Златната купола, која ја градела САД, и порача дека ќе го добие островот на полесен или на потежок начин.

Вчера во Белата куќа имаше состанок помеѓу данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и американскиот државен секретар Марко Рубио, по кој стана јасно дека двете земји имаат различни ставови за иднината на островот.

САД не се откажува од преземање на островот, а Данска не го дава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Гренланд стана дел од Данска

Венецуела има нафта, а што има Гренланд што му треба на САД?

И воена сила е опција за зазаемање на Гренланд од страна на САД

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести