Уника АД Скопје има ново име – Сигал Иншуренс Груп АД Скопје.
Информацијата од Сигал Иншуренс Груп ја соопштија преку Македонската берза.
Од таму посочуваат дека новото име на Друштвото нема да влијае врз правниот континуитет, правата и обврските на Друштвото.
Оваа следи откако во јуни лани албанското друштво Сигал Бизнис Центар се стекна со 90% индиректна сопственост во Уника АД Скопје и Уника Лајф АД Скопје, по повлекувањето на Uniqa Insurance Group AG од пазарите во Македонија, Косово и Албанија.












