Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои му помогнаа на 18-годишниот Саит Саитов и неговиот татко да побегнат од Македонија, информираат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Саитов Саит е момчето кое усмрти жена во Капиштец и избега од државата, МВР објави потерница
Саитов, како што е познато побегна од земјава откако претходно усмрти жена во скопски Капиштец.
Мажот и жената како соизвршители се товарат за – Помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик.
-Обвинетите, на 9. јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна незгода.
Со автомобил „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, мажот и жената дошле до домот на осомничениот веднаш по сообраќајната несреќа, го зеле заедно со неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Република Србија.
Таму ги оставиле, по што помагачите се вратиле во земјава околу полноќ, велат од Обвинителството.
Јавниот обвинител, со обвинението, поднел и предлог за продолжување на претходно определените мерки од судот – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата.
-Осомничениот за сообраќајната несреќа со смртни последици се уште е недостапен на органите на прогонот и по него трагаат полициските органи врз основа на издадената наредба за меѓународна потерница од ОЈО Скопје.
Во исто време, Обвинителството презема дејствија за испитување на евентуална одговорност и на други лица во овој настан, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена почина откако беше прегазена на “Народен фронт“ во Скопје, возачаот во бегство













