66-годишен маж починал откако паднал во шахта во неговиот двор

Вчера во Полициската станица Струмица е пријавено дека во струмичкото село Радичево е пронајден починат К.Г. (66) од истото село.

Tој од невнимание паднал во шахта во неговото дворно место. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа на СВР Струмица, информираа од полицијата.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести