Опозициската СДСМ вчера во хотелот „Александар Палас“ во Скопје го одржа 31. Конгрес, кој беше очетен, а на истиот меѓу друго беше дискутирано и за резултатите од последните локални избори.
На Конгресот беше донесена и одлука за зголемување на бројот на членови на Извршниот и Централниот одбор на партијата.
Сега Извршниот одбор ќе има најмногу 23 лица, претходно тој број беше најмногу до 18.
Централниот одбор се проширува на максимум 150 членови. Претходно тој броеше од 110 до 130 членови.
Лидерот Венко Филипче уапати и силни критики за власта и порача дека неговата партија е отворена за секој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конгресот следи по бројни јавни несогласувања помеѓу видни членови на партијата со раководството на СДСМ.








Најголемите критичари на актуелното раководство на партијата не беа на Конгресот, а на истиот дојдоа поранешните министри, Оливер Спасовски, Славјанка Петровска, Љупчо Николовски, Благој Бочварски, како и Владо Бучковски, Андреј Жерновски, Миле Зечевиќ, актуелни пратеници и градоначалници од партијата, актуелното раководство на СДСМ…
Фото: СДСМ














