Поскапуваат дизелот, екстра лесното масло и мазутот

Од вечерва на полноќ за еден денар поскапува цената на Еуродизелот (Д-Е V), а за половина денар цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на дизелот ќе биде 67,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство, 66,50 денари за литар.

За 0,112 денари се зголемува и цената на мазутот М-1 НС и тој ќе се продава за 33,099 денари за килограм.

Цената на бензите Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, останува истата и тие и понатаму ќе се продаваат за 72 денари, односно 74 денари за литар.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести