Како работела Централна кооперативна банка лани

Централна кооперативна банка АД Скопје во четвртото тримесечје од 2025 година остварила добивка од 13,64 милиони денари, соопшти Банката преку Македонската берза.

Во овој период, како што информираат од таму, забележан е пораст на вкупната актива/пасива од 17% и остварување на поставениот план од 108%.

Банката во овој период остварила повисоки вкупни приходи од камати за 9% во споредба со истиот период минатата година.

-Притоа, Банката успева да го одржи стабилно портфолиото на постоечки кредити и да го задржи високиот квалитет на истото. Во услови на силна конкурентска борба во текот на годината и одржувањето на висока конкурентност кај продуктната понуда на Банката, забележан е повисок нето-каматен приход во однос на истиот период претходната година од 6%.

Во декември 2025 година, забележан е пораст на приходите од провизии за 7% во однос на истиот период минатата година, но во однос на планот се пониски за 6%. Зголемените расходи за провизии од 15% придонесоа кон зголемување на позицијата нето-приходи од провизии и надомести за 1%, во однос на истиот период претходната година, додека во однос на планот се пониски за 17%.

Позицијата трошоци за вработените бележи пораст од 12% во однос на истиот период претходната година и се на исто ниво во однос на планираните.

Позицијата останати расходи од дејноста бележи раст од 8% во однос на истиот период минатата година, додека во однос на планот, остварени се повисоки останати расходи од дејноста за 9%.

Останатите приходи од дејноста се на исто ниво со планираните, и се за 25% повиски во однос на истиот период од 2024 година.

Во четвртото тримесечје од 2025 година реализирани се повисоки нето–приходи од курсни разлики за 19% во однос на истиот период минатата година.

Расходите за амортизација се повиски во однос на истиот период минатата година за 69%, и се 27% повиски во однос на планираните, поради промена на  начинот на евидентирање и примена на новиот стандард МСФИ16, велат од таму.

Заклучно со 31. декември 2025 година, евидентно е зголемување на издвоените резервации за кредитните изложености, при што е издвоена исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 10,67 милиони денари, односно забележано е зголемување на оваа позиција за 5,21 милиони денари во однос на истиот период минатата година.

-Во 2025 година, еден судски спор имаше материјално значајно влијание и предизвика финансиска импликација врз добивката на Банката, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нели Димитрова Кордовска именувана за член на НО на Централна кооперативна банка

Неделин Валчев и Орце Трајковски именувани за членови на УО на Централна кооперативна банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести