Кој е Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој доби кривична од Финансиската полиција

Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), доби кривична пријава од Управата за финансиска полиција за “злоупотреба на службената положба и овластување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика од Финанската полиција

Истата ја заработи за лиценцата на Тритерол петрол ДООЕЛ Скопје. Според Финаниската полиција, Бислимоски наместо да ѝ ја одземе лиценцата на фирмата на 15. јануари, и ја одземел дури на 14. април 2025 година.

Бислимоски пак вели дека при процесот на одлучување за лиценцата не бил прекршен Законот за енергетика и Правилникот за лиценцирање и дека во РКЕ не постоел повластен статус за ниту една компанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема да дозволам да биде извалкано моето име, вели Бислимоски по кривичната од Финансиската полиција

Кој е Бислимоски

Роден е на 31. март 1976 година.

Тој е дипломиран економист. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје.

Бислимоски е магистер по електротехника.

Кариера

Оваа е негов втор мандат од пет години како претседател на РКЕ.

За прв пат беше избран во јуни 2018 година.

На позицијата во македонското Собрание беше реизбран во јули 2023 година.

Во РКЕ работи од нејзиното основање во 2004 година.

Таму претходно бил и советник за пазар на електрична енергија.

Во декември 2019 година беше избран за претседател на Бордот на регулатори на Енергетската заедница, а во ноември 2021 година доби втор, двегодишен мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој заработи кривична

Која е фирмата Тритерол петрол, за чија лиценца Бислимоски заработи кривична

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести