Која е фирмата Алфафарм регистрирана во Македонија, чиј косопственик е уапсен во Србија

Фирмата Алфафарм (Alphapharm Group) ДОО Скопје за производство на медицински канабис, регистрирана во скопскатата општина Кисела Вода е во фокусот на јавноста откако еден од основачите и сопственици, Иван Драгниќ, беше уапсен во Србија и заврши во притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија запленети 5 тони марихуана од фирма во Македонија

Тој е еден од петмината уапсени откако во селото Коњух кај Крушевац, беа запленети пет тони марихуана.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на околу 50 милиони евра.

Која е Алфафарм

Фирмата е основана во јули 2023 година.

Регистрирана е за одгледување и преработка на зачински, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба.

Освен Драгниќ, косопственици се и Предраг Брковиќ, Роберт Живковиќ и Јована Мијаловиќ.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести