И македонското Основно јавно обвинителство оформило предмет за петте тони запленета марихуана во Србија, за кои е уапсен Иван Драгниќ, косопственик на фирмата од Скопје, Алфафарм (Alphapharm Group) ДОО Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е фирмата Алфафарм регистрирана во Македонија, чиј косопственик е уапсен во Србија
Информацијата за Радио Слободна Европа ја потврдија од Обвинителството, од каде велат дека веќе се преземале конкретни, насочени и координирани дејствија за целосно утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Македонија со овој случај, со цел обезбедување целосна кривично-правна одговорност.
Од Обвинителството велат и дека на 30. јануари биле информирани за акцијата од српските органи и биле разменети информации и координација на дејствијата, “со цел целосно и сеопфатно откривање на сите инволвирани лица и евентуални организирани структури поврзани со случајот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија запленети 5 тони марихуана од фирма во Македонија













