Во Штип ќе се поставуваат камери, но не за „Безбеден град“ туку заради превенција од вандализам на урбаната опрема

Во Штип ќе се постават камери на 156 локации, за да го спречат вандализмот односно девијантното однесување и уништувањето на парковите, урбаната опрема низ градот, најави градоначалникот Иван Јорданов.  

Камерите кои ќе бидат поставени на јавни површини, во дворовите на училиштата, градинките и парковите.

„Ќе имаат функција на контролирање и видео надзор на јавна површина за заштита од девијантно однесување, уништување на урбана опрема и ќе служат како доказен материјал во одредена постапка на СВР Штип. Камерите ќе забележуваат девијантно однесување, оти станува збор за паметен систем, кога има одредена појава тој ја регистрира и дава информација,“ рече Јорданов.

Фото/Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести