Македонија обележува 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

Македонија денеска обележува 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Делчев е роден на 4. февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија.

Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Важи за голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ.

На 4. мај во 1903 беше убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести