Фирмите за производство на медицински канабис во Македонија се во фокусот на јавноста, но и на надлежните, откако во Србија беа запленети пет тони марихуана, а во акцијата беше уапсен и еден од сопствениците на Алфафарм ДОО Скопје, која од 2024 година има одобрение за производство на медицински канабис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е фирмата Алфафарм регистрирана во Македонија, чиј косопственик е уапсен во Србија
По заплената во Србија и во Македонија беше отворена истрага, која ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
ОЈО ГОКК последниве два дена во кординација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција во фирми за производство на медицински канабис.
Колку фирми добиле одобрение за одгледување на медицински канабис
Од Министерството за здравство за еМагазин велат дека од легализацијата на медицинската марихуана во 2016 година, во Македонија одобрение за одгледување канабис за медицински цели добиле 61 фирма.
Од нив на 14 им било одземено одобрението, а за четри се води постапка за одземање на одобрението поради утврдени неправилности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вонредна контрола во скопска “Алфафарм“, која е поврзана со заплената на 5 тони марихуана во Србија
Одземени рекордни 27 тони медицинска марихуана?
Акција на локации во Скопје и Струмица по заплената на марихуаната во Србија
Фото: Унсплеш














