Драган Ковачки е нов генерален секретар, еве кои се избраните членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Драган Ковачки е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на местото на Ѓорѓија Сајкоски, соопшти претседателот на партијата Христијан Мицкоски по седницата на Централниот комитет.

За членови на Извршниот комитет се избрани Александар Николоски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска-Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галески, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакупоски, Драгана Бојковска, Синиша Стојаноски, Стефан Андоновски, Филип Поповски, Бобан Николовски.

„Овие одлуки се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици. Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.

Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството.

Воедно најавувам дека во периодот којшто следи ќе имаме избор на претседатели на партиските општински комитети, како и избор на нови раководства на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани. Овие процеси ќе се водат инклузивно, со јасна визија за иднината и со фокус на квалитет, одговорност и резултати,“ изјави Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести